Menu
Menu
Најнови вести

Потпишување на меморандум за соработка помеѓу ДПИ и ЦСОО и работни средби

Во септември 2019 година се одржaа средби меѓу инспекторите од Државниот просветен инспекторат и...
Најнови вести

Четврти повик за апликации на Фондот за можности 2019

Најнови вести

Работна средба за програмата на ментори во компании

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk) е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а се имплементира од страна на ХЕЛВЕТАС Северна Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе кон подостоинствено вработување на младите (15 – 29 години), вклучително и на ранливите групи, на социјално-инклузивен и одржлив начин.

Од 1992 година наваму, Швајцарија ги поддржува процесите на транзиција во Северна Македонија. Оваа соработка се темели врз швајцарската традиција на солидарност и одговорност, и ја отсликува важноста што им ја посветува Швајцарија на стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан. Денес, Швајцарија е меѓу најголемите билатерални партнери за соработка на Северна Македонија, овозможувајќи финансиска поддршка од 69 милиони евра за периодот 2017 – 2020 година. Швајцарската програма за соработка е фокусирана на три приоритетни области: демократско владеење, вработување и економски развој и инфраструктура и животна средина. За повеќе информации, посетете ја веб страната www.eda.admin.ch/north-macedonia и Facebook страната: https://www.facebook.com/SwissEmbassySkopje/.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст