Menu
Menu

Четврти повик за апликации на Фондот за можности 2019

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Четврти повик за апликации на Фондот за можности 2019

Целта на Фондот за можности е да ги поддржи понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно ориентирани и одржливи понуди, кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката (најдоцна 3 месеци по завршување на обуката).

Опфатени сектори: (1) Угостителство; (2) Здравствена и социјална грижа; (3) Лични услуги;  (4) Земјоделие; (5) Прехрамбена технологија; (6) Машинство; (7) ИТ сектор.

Квалификувани апликанти на Фондот за можности:

а) Приватни тренинг провајдери кои нудат обуки во областа на неформалното образование
б) Средни стручни училишта кои нудат услуги во дел на неформално образование
в) Граѓански организации кои нудат услуги во дел на неформално образование
г) Работодавачи коишто вршат обуки во сопствените простории

Посебни услови:

Приватните провајдери, средните стручни училишта и граѓанските организации можат да аплицираат на Фондот за можности во соработка со еден или повеќе работодавачи кои писмено гарантираат дека ќе вработат најмалку 35% од учесниците, во рок од 3 месеци по одржувањето на  обуката.
Работодавачи кои вршат обуки во сопствените простории треба писмено да гарантираат дека ќе вработат 50% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.

Процедура за аплицирање и краен рок:

Сите заинтересирани апликанти треба да го достават формуларот за апликација заедно со сите придружни документи, на следната е-адреса: Boris.Trimcev@helvetas.org најдоцна до 14 октомври 2019 година, со предмет: OF 2019 Application.

Ги охрабруваме апликантите да ги испратат своите апликации на англиски јазик.
Апликациите испратени на македонски и албански јазик исто така ќе бидат земени предвид.

Дополнителни информации, како и потребните документи за апликација заедно со прирачникот за Фондот за можности, може да се преземат на следниот линк:

  1. OF Manual
  2. Предлог проект
  3. Образец буџет 2019
  4. Гаранција

Доколку Ви е потребна поддршка, Ве молиме обратете се на следната е-адреса: Daniela.Stojanova@helvetas.org со наслов: OF 2019 Documents.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст