Menu
Menu

ФОРМАЛНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Целта на оваа компонента е подобрување на формалното средно стручно образование преку зајакната соработка и партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор, со цел да стане пазарно-ориентирано.

Преку оваа компонента, проектот се стреми да постигне пазарно-ориентирано формално средно стручно образование преку вклучување на приватниот сектор. Имено, проектот E4E@mk ќе ја поддржува соработката помеѓу партнерите од приватниот и јавниот сектор и граѓанското општество (компании, училишта за средно стручно образование, наставници, ментори, општини, секторски здруженија, граѓански организации и сл.) со цел поставување на основи за јавно-приватни партнерства.

Се очекува дека заедничкото планирање, реализација и следење на средното стручно образование од страна на партнерите од приватниот и јавниот сектор: клучните образовни институции како што се Центарот за стручно образование и обука, Министерството за образование и наука, Коморите, здруженијата, компаниите и училиштата за средно стручно образование ќе го зголеми квалитетот на средното стручно образование на одржлив и системски начин.

Ваквите партнерства ќе се градат и ќе бидат пилотирани со цел вештините што ги стекнуваат кадрите што се образуваат преку средното стручно  образование да одговараат на реалните потреби.

Фокусот ќе биде ставен на различните модели на практична обука во компанија, преку кои учениците се запознаваат со светот на работата и ги вежбаат и усовршуваат практичните вештини.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст