Menu
Menu

Иницијатива за саем на стручни занимања
и стручно образование

Иницијатива за саем на стручни занимања и стручно образование

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk), покрај своите три главни очекувани резултати, како дел од хоризонталните теми поддржува активности и мерки кои водат кон подобрување на целокупната слика за формалното и неформалното стручно образование и обуки како и стручните занимања во Република Северна Македонија. Затоа проектот поддржува различни иницијативи и тоа од училишни активности за промоција на средни стручни училишта се до саем на стручни занимања и стручно образование.

Во декември 2018 година проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk) воспостави соработка со саемот за вработување и стручна обука – БАМ во Берн, Швајцарија https://www.bam.ch/bam-de.aspx кој треба да послужи како модел за организација на саем на стручни занимања и стручно образование во Република Северна Македонија.

За повеќе информации за моделот на саем на стручни занимања и стручно образование кој Проектот Е4Е@mk го подржува, погледнете ги видеата БАМ 1 и БАМ 2, достапни во Галерија/Видеа.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст