Напредок во процесот за подобрување на финансирањето на стручното образование и обука

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Напредок во процесот за подобрување на финансирањето на стручното образование и обука

Се реализираше третата on-line средба на финансиската експертска група (ФЕГ) која работи на поддршка на Владата на Република Северна Македонија за воспоставување рамка за подобрување на финансирањето на стручното образование и обука, и тоа: обезбедување на ресурси, распределба на ресурсите и подобрување на ланецот на раководење со ресурсите.

Членовите на ФЕГ се сложија дека клучните приоритети кон кои се насочени системот за стручно образование и работодавачите (оптимизација на мрежата, подобрување на законската регулатива, учењето преку работа кај работодавач, дуалното образование, регионалните центри за стручно образование и обука) се неизбежен елемент од финансирањето на СОО.

На средбата беа дискутирани неколку идеи за зајакнување на партнерството и заедничко вложување од страна на јавниот и приватниот сектор со цел да се обезбеди квалитетна и пазарно ориентирана обука на учениците од  СОО.

На средбата учествуваа членови на ФЕГ од: стопанските комори, Министерство за образование и Наука, Центар за стручно образование и обука, Кабинет на Заменик Премиерот на Владата за економски прашања, како и претставници на Швајцарскиот проект Образование за вработување во Северна Македонија.

Scroll Up