НАСОЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО ВРЕМЕ НА НЕИЗВЕСНОСТ: УЛОГАТА НА ИНФОРМИРАЊЕТО ВО КАРИЕРНАТА ОРИЕНТАЦИЈА

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

НАСОЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО ВРЕМЕ НА НЕИЗВЕСНОСТ: УЛОГАТА НА ИНФОРМИРАЊЕТО ВО КАРИЕРНАТА ОРИЕНТАЦИЈА

ОД: ИВАНА ГЕОРГИЕВСКА, ЗЕНЕБЕ Б. УРАГУЧИ – 2 ЈУНИ 2020

Додека пандемијата на КОВИД-19 се смета дека носи „помал“ ризик по здравјето на младите, тие се едни од најранливите на нејзините економски и социјални последици. Младите со право сметаат дека иднината е уште понесигурна. Поради тоа, донесувањето на информирани одлуки за тоа што да учат или каква работа да бараат има трајно влијание врз нивните животи. Во Северна Македонија, одговоривме на предизвикот преку создавање на мрежа на соработка со неколку актери за да се справиме со влијанието на пандемијата врз образованието и одлуката за избор на кариера на младите.

Пролет. Време на наплив на возбуда. Ова посебно важи за младите кои за прв пат ќе донесат сериозна одлука што ќе го им го трасира животниот пат во наредните 3-4 години.

Без разлика дали си на студии, пред дипломирање или бараш работа, пандемијата на КОВИД-19 најверојатно ти создава  длабоко чувство на неизвесност околу твоите кариерни можности. Повеќето бизниси се затворија или значително го намалија работењето. Дури и ако продолжат со работа, изгледите за брзо закрепнување се слаби. Многумина ги загубија своите работни места.  Анкетата од март 2020 година која опфати 40.000 млади луѓе  во 150 земји покажа дека сегашното образование не ги подготвува младите со вештини потребни за да добијат работа.

Во ваква ситуација, какви се кариерните можности  на младите? Каква е  улогата на информирањето во кариерната ориентација како навигациска поддршка на младите низ оваа брзо променлива ситуација?

За да дознаеме повеќе, го разгледуваме искуството од Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во Северна Македонија, спроведуван од Хелветас ,   Македонскиот центар за граѓанско образование  и  Стопанската комора на Македонија .

Адаптација и нејзините ограничувања

Пролет 2019 година. Се одвиваат вообичаените промотивни активности со најразлични настани за запишување во средно стручно образование- годинава засилени со партнерите од приватниот сектор, кои едвај чекаа да ги привлечат идните професионалци за одредено занимање. Една од целите на E4E@мк е да го зголеми  интересот на младите за стручно образование и обука како образовна патека при изборот на кариера.

Проектот го олеснува зајакнувањето на соработката на стручните училишта и нивните партнери од приватниот сектор. Компаниите им овозможуваат на учениците да учат вештини за време на практичната обука. Целта е да се подобрат шансите на студентите за идно вработување – веднаш по завршувањето на средното образование, или подоцна, по добивањето на квалификација на повисоко ниво.

Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), непосредно пред почетокот на пандемијата, планираше да ги поддржи процесите на кариерна ориентација на учениците од основните училишта. Собраните и релевантни информации би им помогнале на младите луѓе во истражување на нивните опции. Ова ќе беше почетна точка за идните ученици од средното образование, што требаше да се зајакне со промотивни активности на училиштата и нивните партнери од приватниот сектор.

Одиме напред во времето кога падемијата зема замав. Сега е важно, повеќе од кога и да е, да се има консолидиран пакет на информации за поддршка и насочување на младите луѓе. И покрај неизвесноста, треба да се донесат одлуки – да се користи сè што може од постојните ресурси, под тешки услови. Причината, како за време, така и по пандемијата е очигледна и останува иста, па дури и поважна: правење информиран избор за образование и кариера каде има побарувачка за квалификувани работници.

На некој начин, пандемијата исто така ја истакна важноста на одредени вештини и занимања. Примерите вклучуваат барања за вештини во информатичката и комуникациската технологија (ИКТ), индустриско-технолошки вештини (широк спектар на производи од производи за чистење и дезинфекција до производство на маски), здравствена заштита, како и критичко размислување, креативност, решавање на проблеми, прилагодливост и издржливост.

Со затворањето на институциите за образование и обука, учењето се одвива од далечина преку разни дигитални платформи. Сепак, клучен фактор во стручното образование и обука е неговиот фокус на практични вештини и подготвеност за работа. Ова, во поголема мера, го отежнува далечинското учење. Во малкуте бизниси што останаа отворени, можеби учењето преку работа може да продолжи.

Преселбата на онлајн настава и учење не оди така лесно за некои групи. Оние од привилегираните средини ќе го најдат патот околу затворените училишни врати до алтернативни можности за учење. Дигиталната поделеност и последиците од социоекономското потекло на младите се фактори кои влијаат на пристапот до онлајн учење.

Наспроти ова, во дигиталното учење и пристапот до информации лежи потенцијал да се заинтересираат оние кои инаку мака мачат со традиционалните начини на учење. Дигиталното учење го зголемува  задржувањето на информации и бара помалку време.

Искористување на постојните практики преку соработка

E4E@мк и другите релевантни институции реагираа веднаш штом пандемијата почна да се шири. Ги разгледаа можностите. Со поддршка и фасилитација на E4E@мк, почна иницијативата за соработка. Центарот за стручно образование и обука, поддржан од Е4Е, подготви информативен материјал „Водич низ квалификациите во стручното образование“, достапен на 4 локални јазици.

Предизвик беше брзата дистрибуција до целните групи: учениците кои треба да направат избор на кариера, и нивните родители/старатели кои обично имаат големо влијание врз нивниот избор. Еден од одговорите на образовниот систем во Северна Македонија за време на карантинот е ТВ-програмата посветена на ученици од основно училиште наречена „ТВ училница“ на Македонската национална телевизија и радио.

Друг модалитет беше дигиталната платформа, ЕДУИНО, поддржана од УНИЦЕФ; иницирана уште пред избувнување на пандемијата.

Исто така, во 2017 година Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Министерството за труд и социјална политика промовираа занимања преку кратки видеа.

E4E@MK применува инклузивен системски пристап каде е клучна фасилитацијата за одржливи и скалабилни резултати. Така, ги споивме точките и реагиравме брзо.

Еве што се случи следно…

МОТ ја одобри употребата на промотивните видеа. E4E@мк го поддржа нивното прилагодување со додавање на информација за „Водичот низ квалификациите во стручното образование“, каде може да се најдат информации за тоа како да се едуцираат и обучуваат за таа и други квалификации.

Видеата се емитуваат на македонската национална телевизија и радио во едукативната програма наречена „ТВ училница“. Затоа што се од јавен интерес – промоцијата се емитува надвор од оваа едукативна програма. Информирањето за Водичот допре до секое домаќинство кое поседува ТВ.

На  ЕДУИНО платформата  се споделуваат четири јазични верзии на „Водич низ квалификациите во стручното образование“, приближувајќи го до секое семејство кое има дигитална опрема да го користи дигитализираниот одговор.

Во меѓувреме, Министерството за образование и наука (МОН) и ЦСОО, како надлежни институции, ги користеа своите канали за комуникација со училиштата и другите органи за да се уверат дека сите служби за поддршка на основните училишта и одделенските наставници имаат материјал и може да им дадат информации на 9то одделенците и нивните родители/старатели.

Државниот инспекторат за образование интегрира прашање во нивните инспекциски активности за да се провери дали училиштето вложува напори информациите да стигнат до целната група на којашто се наменети.

,,Кога ја видов публикацијата, прва мисла ми беше: ТОЛКУ ПОТРЕБНО!“, вели Наташа Ивановска, родител и кариерен советник. ,,Сите информации за бројните занимања во стручно образование со краток и прецизен опис на квалификациите. Еден вид практична мапа низ “лавиринтот” на образовниот систем. Одлично е претставен и системот на образование, за кој многу малку знаеме како родители, уште помалку децата“.

Синот на Наташа, Дамјан, е во деветто одделение. „Прирачникот детално ги опишува занимањата за кои не спремаат стручните средни училишта. Можностите за понатамошна кариера и образование се добро опишани и убаво објаснети. Имам другар кој сака да оди во електротехничко стручно средно, и овој прирачник му доаѓа навистина од корист“.

„Со заеднички меѓуинституционални напори и под ограничени можности за комуникација, најдовме начин да влеземе во секое домаќинство. Ја зголемивме свеста за потребата од компетентна и квалитетна работна сила“, резимираше Ардијана Исахи Палоши, в.д. Директор на ЦСОО. Ова, се разбира, се случи во време на постојани промени и неизвесности.

Процесот вклучи многу институции и организации. Координацијата беше сложена, но енергична. Ова искуство на локално ниво ја покажува  моќта на соработката и солидарноста во справување со глобална криза и нејзините последици  врз развојот на човечки капитал со значителни долгорочни економски и социјални импликации.

Scroll Up