Menu
Menu

НЕФОРМАЛНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Целта на оваа компонента е подобрување на понудата на обуки за неформално образование, каде примарни корисници ќе бидат младите невработени лица, вклучително и лицата од ранливите категории.

Концептот на доживотно учење станува сè поважен. Предизвикот да се биде во тек со пазарните потреби е несомнено од големо значење со цел да се биде успешен на пазарот. Реалност е дека формалниот систем за стручно образование не може да излезе во пресрет на барањата на приватниот сектор а од тука несомнено се јавува потребата од дополнителен систем, т.н. систем на неформално образование. Поттикнувањето на овој систем е она што Е4Е@mk се стреми да го оствари во рамките на оваа компонента.

Оваа цел, проектот ќе настојува да ја оствари така што ќе ги идентификува постојните и идните потенцијални понудувачи на обуки кои имаат потенцијал за иновации во областа на образованието, како и капацитет да инвестираат во развојот на нови пазарно-ориентирани и инклузивни обуки.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст