Menu
Menu

Потпишување на меморандум за соработка помеѓу ДПИ и ЦСОО и работни средби

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Потпишување на меморандум за соработка помеѓу ДПИ и ЦСОО и работни средби

Во септември 2019 година се одржaа средби меѓу инспекторите од Државниот просветен инспекторат и советниците од Центарот за стручно образование и обука со цел размена на информации околу тековните развојни настани во стручното образование и идни заеднички активности. Зајакнувањето на меѓуинституционалниот дијалог, соработката и меѓусебната поддршка претставуваат клучна алка во напорите за поквалитетно образование и институциите направија конкретни чекори во овој правец.

За зацврстување на меѓусебната соработка и поддршка за поквалитетно стручно образование, за време на овие средби поддржани од страна на проектот Образование за вработување во Северна Македонија, двете институции потпишаа Меморандум за соработка а воедно се обратија и Министерот за образование и наука, директорите на ДПИ и ЦСОО и Тим лидерот на Е4Е@МK.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст