Повеќе ресурси за квалитетно стручно образование и обука

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Повеќе ресурси за квалитетно стручно образование и обука

На 11 декември во Скопје се одржа воведна работилница за финансирање на пазарно – ориентирано и квалитетно стручно образование и обука во Република Северна Македонија, организирана од страна на министерството за образование и наука, проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк) и Европската фондација за обука (ETF).

Со воведната работилница се означи почетокот на работата на експертската група за финансирање на стручното образование и обука, и целта на работилницата беше да се обезбеди воедначено разбирање на сегашната состојба, добрите страни и предизвиците. Експертската фрупа за финансирање е  составена од претставници на државни институции, социјални партнери и експерти, и нејзина задача е да изработи и предложи подобрување на сегашниот или да изработи нови модели на финансирање на стручното образование и обука. Основа на предложените модели  ќе биде да се зголеми квалитетот на образованието, да се обезбеди зајакнување на стручните вештини на младите лица и да се зајакне вклученоста и соработката меѓу образовните институции и приватниот сектор.

На работилницата се обратија заменик-шефот на мисијата на амбасадата на Швајцарија Стефан Томаџан,  заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и координаторот за Северна Македонија од  европската фондација за обука Филипо Дел Нино.

„Многу важен дел на еден ефикасен систем за стручно образование и обука е неговиот модел на финансирање. Истражувањето спроведено од страна на нашиот проект Образование за вработување покажа дека во Северна Македонија, системот за стручно образование и обука во најголем дел се финансира од буџетски средства, додека во Швајцарија, приватниот сектор е вклучен во сите клучни елементи на системот а со тоа и во самото финансирање. Силно веруваме дека поголемата вклученост на приватниот сектор ќе доведе до многу поефективен систем на стручно образование и обука во Северна Македонија а со тоа и до многу поконкурентна работна сила и економија.“ изјави заменик-шефот на мисијата на Швајцарија Стефан Томаџан.

Заменик-министерот за образование и наука, Елизабета Наумовска, смета дека „За квалитетно стручно образование и обука се потребни финансиски ресурси и добра опременост на училиштата, но и вклучување во финансирањето на стопанстовото, затоа што и стопанството има потреба од обучени кадри кои поседуваат знаења, вештини и компетенции потребни за пазарот на труд “.

Финансиската експертска група ќе работи на подигање на свеста за потребата од подобрување на финансирањето на системот на СОО, со посебен акцент на одредување на приоритети и реални потреби,  идентификување на можностите, вклученоста на  институциите, као и клучните процеси за одржливо финансирање на СОО.

Со мандат од 18 месеци, финансиската експертска група ќе изработи и предложи модел на финансирање на стручното образование и обука кој треба да исполни три клучни критериуми за успешност:

  • достапност/пристапност,
  • релевантност (програмите за стручно образование и обука се пазарно ориентирани и привлечни за барањата/потребите на општеството, на младите и на компаниите) и
  • исплатливост (јавниот и приватниот сектор можат да ги покријат трошоците за стручно образование и обука), што е исто така поврзано со квалитетот.

Scroll Up