ПОВИК ЗА ИНДИВИДУАЛНИ КОНСУЛТАНТИ 2020/2021

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

ПОВИК ЗА ИНДИВИДУАЛНИ КОНСУЛТАНТИ 2020/2021

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) има потреба од соработка со стручни лица и/или експерти од различни области во тековната 2020 и 2021 година, коишто ќе бидат вклучени во имплементација на проектот како консултанти. За таа цел, E4E@мк објавува повик за прибирање на писма за изразување на интерес и биографии за потенцијално обезбедување на услуги од индивидуални консултанти за следните области/теми:

Тема 1 – Подготовка на материјали и реализација на обуки:

  • Формално стручно образование и обука и развој на стручни вештини преку неформалното образование (системско ниво);
  • Иновативни форми и алатки, вклучувајќи електронски медиуми и учење на далечина, за обука во формалното и неформалното образование;
  • Зајакнување на соработката меѓу работодавачите и средните стручни училиштата;
  • Проширување на понудата за обуки (програми за обука) во неформалното образование;
  • Родова и социјална инклузија;
  • Безбедност и здравје при работа;
  • Работа со лица со посебни потреби.

Тема 2 – Истражувања и анализи:

  • Истражувања во областа на образованието, со акцент на формалното и неформалното стручно образование и обука;
  • Истражувања во областа на економијата;
  • Анализи и истражувања поврзани со законска регулатива и соодветни измени и дополнувања, во образованието и во економијата;
  • Истражувања на ставови и мислења на млади.

Тема 3 – Комуникации и односи со јавноста:

  • Комуникација со медиуми и новинари;
  • Стратегии за комуникација и застапување;
  • Промотивни кампањи во образованието;
  • Обуки за презентациски вештини и јавно говорење;
  • Настани за зголемување на видливоста на образовни и економски теми;
  • Содржини за промоција на стручно образование и обука и развој на стручни вештини;
  • Онлајн маркетинг.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме доставете го вашето писмо за изразувaње на интерес (во ПДФ формат) каде што ќе ги наведете вашите области на експертиза за обезбедување на индивидуални консултантски услуги заедно со кратка биографија на следната е-адреса: e4equotations@helvetas.org.

За дополнителни информации, Ве молиме да не контактирате на e4einfo@helvetas.org. Крајниот рок за доставување е 30 јуни 2020 година.

Забелешка: овој повик НЕ подразбира загарантиран ангажман на заинтересираните стручни лица/експерти. Ангажманот за конкретни консултантски услуги ќе се врши согласно потребите на проектот и во согласност со интерните процедури за набавки на проектот.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст