Прв Дигитален саем за средно стручно образование

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Прв Дигитален саем за средно стручно образование

Со цел промоција на средното стручно образование како остварлива можност за кариера, за првпат кај нас се одржува Дигитален саем за средно стручно образование на 30 ноември и 1 декември, 2021 година од 13 часот. Настанот е организиран од проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта низ државата ќе имаат можност да се запознаат со можностите за различни стручни образовни профили во средните стручни училишта, како и да слушнат успешни примери за соработка со бизнис секторот и обраќања на познати личности кои ќе споделат за своето професионално искуство.

Настанот можете да го следите во живо на линковите: