Размена на идеи и искуства за стручното образование и обука насочено кон потребите на пазарот на труд

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Размена на идеи и искуства за стручното образование и обука насочено кон потребите на пазарот на труд

Швајцарските проекти „Образование за вработување во Северна Македонија“ и „Moja Budućnost” од Босна и Херцеговина реализираа дводневна средба во Скопје на високи претставници од Зеничко – добојскиот кантон и од Република Северна Македонија.

Клучни теми на неколку средби беа подобрувањата на законската рамка за средното стручно образование и законот за труд во насока на обезбедување современо образование и стекнување вештини на младите во училиштата и на работно место во компаниите, улогата на приватниот сектор, како и методологиите за предвидување на потребните вештини и работната сила.

Делегацијата од Босна и Херцеговина ги посети средното стручно училиште Михајло Пупин од Скопје и компанијата ЕВН, каде имаа прилика да ја посведочат успешната соработка во реализацијата на дуалниот модел на стручно образование и обука.

Делегацијата од Босна и Херцеговина составена од Министерот и помошник министерот за образование, наука, култура и спорт, помошникот на Министерот за труд и социјална политика и Претседателот на стопанската комора на Босна и Херцеговина се сретнаа со претставници од Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и со Извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија.