Menu
Menu

Советодавна група

Советодавната група е составена од 3 подгрупи, согласно компонентите на проектот. Секоја подгрупа се состои од 3-5 членови. Задачата на оваа група е да го поддржува проектниот тим преку споделување и подготовка на информации, генерирање на идеи и поднесување на предлози во согласност со планираните интервенции и активности во рамките на проектот. Советодавната група е постојано тело кое одржува редовни состаноци (најмалку еднаш месечно) со експертите на проектните компоненти. Членовите на групата имаат клучна улога во соработката и комуникацијата помеѓу нивната институција и проектот. Оваа група исто така учествува во годишниот процес на планирање и известување на проектот.

Членовите на советодавната група се претставници од следниве институции:

1. Министерство за образование и наука
2. Центар за стручно образование и обука
3. Центар за образование на возрасните
4. Државен просветен инспекторат
5. Стопанска комора на Македонија
6. Стопанска комора на северозападна Македонија

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст