Menu
Menu

Старт на кампањата за промоција на стручно образование и занимања

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Старт на кампањата за промоција на стручно образование и занимања

Подобрување на имиџот и репутацијата на стручното образование и занимања во јавноста, а истовремено и мотивирање на младите лица да градат кариера во стручните занимања е целта на новата информативно-образовна кампања поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој и Програмата за развој на Обединетите нации, со поддршка од Меѓународна организација на трудот, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Владата на Република Северна Македонија.

На настанот за отпочнување на кампањата за промоција на стручно образование и занимања преку панел-дискусија се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Сибил Сутер Техада и директорот на УСАИД во РСМ, Ерик Јановски.

Кампањата за промоција на стручното образование ќе се одвива од октомври 2019 година до мај 2020 година и ќе се реализира преку различни комуникациски алатки, вклучувајќи и видео пораки кои ќе се споделуваат на традиционалните медиуми и на социјалните мрежи.

Веб-страницата zanimanja.mk која е создадена со помош на Меѓународната организација на трудот и МТСП како и Facebook профилот на кампањата   https://www.facebook.com/snajdisesostrucno/ редовно ќе споделуваат информации кои се релевантни за соодветен избор на стручно образование и занимања.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст