Стручно образование и обука – трошок или инвестиција

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Стручно образование и обука – трошок или инвестиција

Во декември 2019 година Министерството за образование и наука формираше национална „експертска група за финансирање“ (ФЕГ). ФЕГ  со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (Е4Е@мк) и Европската фондација за обука (ЕТФ) работи на подготовка на модели за поефикасно финансирање на стручното образование и обука кои ќе бидат предлог за поширока дискусија во врска со политиките во финансирањето.

По првата консултативна работилница (декември 2019) се отвори прашањето на финансирањето, се споделија постојните анализи од три главни аспекти: мобилизација и распределба на ресурси, како и управување со синџирот за финансирање; и се анализираа преку призмата на трошоци и податоци за СОО. Ова беше основа за втората работилница (фебруари 2020), која беше насочена кон подлабинско дискутирање на аспектите и идентификување на клучните прашања и предизвици.

Дел од идентификуваните клучни предизвици во финансирањето на стручното образование и обука во Република Северна Македонија се:

  • Фискалниот и институционален капацитет на општините;
  • Активностите кои што креираат приходи од училиштата за стручно образование и обука т.е. капацитетите на училиштата и мотивација на директорите на училиштата за да ги развијат;
  • За што треба да се распределат ресурсите, кои би биле најпогодните сегашни алатки или нивно прилагодување (формула за финансирање, стипендии / школарини, превоз на учениците, ученички домови);
  • Како најдобро и флексибилно да се искористат постојните алатки (одредени алатки може да се користат за да се реализираат целите на политиките, под услов да се добијат навремени информации за потребите од економска или социјална гледна точка);
  • Како да се подобри соодносот ученик-наставник за да се подобри ефикасноста на системот?

Поддршка на ФЕГ во дискусиите и во работата во групи им беше дадена од меѓународните консултанти Трин Ласи (Естонија) и Бранко Кумер (Словенија). Претставниците од Естонија и Словенија, Ласи и Кумер ги споделија моделите на финансирање на стручно образование и обука во Словенија и Естонија со посебен акцент на мобилизацијата,  распределбата и управувањето со ресурсите, како и подетално објаснување за состојбите во Естонија и Словенија од аспект на клучните предизвици во финансирањето на СОО во Република Северна Македонија.

На крајот на работилницата се дискутираа улогите, предизвиците  како и можните решенија за нивно надминување од аспект на: бизнис секторот, училишта и институции во системот за стручното образование и обука на државно ниво. Сите вклучени во ФЕГ и учесниците на обуката се сложуваат дека стручното образование и обука е инвестиција, но и тоа дека таа треба да биде добро испланирана и управувана.

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија продолжува со поддршка на иницијативи кое водат кон подобрување на условите во средното стручно образование и обука и ја зајакнува соработката со државните институции и клучните актери во образованиот систем.

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст