Menu
Menu

Втор повик за апликации за Фондот на можности 2019

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Втор повик за апликации за Фондот на можности 2019

Проектот “Образование за вработување во Македонија” објавува Втор повик за апликации за Фондот на можности за 2019 година

 

Целта на Фондот за можности е да ги поддржи понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно-ориентирани и одржливи понуди, кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката (најдоцна 3 месеци по завршување на обуката).

Опфатени сектори: (1) Угостителство; (2) Здравство и социјални услуги; (3) Лични услуги;  (4) Земјоделие; (5) Прехранбена технологија; (6) Машинство; (7) ИТ сектор.

Квалификувани апликанти на Фондот за можности:
1. Приватни тренинг провајдери кои нудат обуки во областа на неформалното образование
2. Средни стручни училишта кои нудат услуги во дел на неформално образование
3. Граѓански организации кои нудат услуги во дел на неформално образование
4. Работодавачи коишто вршат обуки во сопствените простории

Посебни услови:
Приватните провајдери, средните стручни училишта и граѓанските организации можат да аплицираат за Фондот за можности во соработка со еден или повеќе работодавачи кои писмено гарантираат дека ќе вработат најмалку 35% од учесниците, во рок од 3 месеци по спроведувањето на  обуката.

Работодавачи кои вршат обуки во сопствените простории треба писмено да гарантираат дека ќе вработат 50% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.

Процедура за аплицирање и краен рок:
Сите заинтересирани апликанти, треба да ги достават апликационите формулари заедно со сите придружни документи најдоцна до 30 април 2019 година, на следната е-адреса: Boris.Trimcev@helvetas.org со наслов: OF 2019 Application.

Ги охрабруваме апликантите да ги испратат своите апликации на англиски јазик. Апликациите испратени на македонски и албански јазик исто така ќе бидат земени предвид.

Дополнителни информации, како и потребните документи за апликација коишто се дел од прирачникот на Фондот за можности може да се преземат на следниот линк:
1. OF Manual
2. Proposal Template
3. Budget template
4. Guarantee template

Scroll Up
Големина на фонт
Креирај контраст